Тео Ернандез: Среќен сум во Милан

Тео Ернандез испрати пријатни вести до фановите на овој клуб.

„Вистина е дека во тек се разговори за продолжување на мојот договор со Милан. Имам прекрасен однос со раководните лица и разговорите течат одлично. Овде сум среќен уште од првиот ден“, порача Ернандез.

Со понудата за новиот договор, платата на 24 годишниот Французин од досегашните 1,5 милиони евра би требало да изнесува 4,5 милиони евра, плус бонуси.