Артета го сака Артур Мело како зимско засилување за Арсенал

Од редовите на Арсенал ќе бидат активни на јануарскиот трансфер пазар каде се очекува да ангажираат најмалку едно засилување.

Приоритетна позиција ќе биде средниот ред, а Арсенал како што поврди и Микел Артета ќе се обиде да ангажира играч за врска. Според италијанските медиуми изборот паднал на Артур Мело кој првично би пристигнал на „Емирејтс“ како позајмен фудбалер.

Веќе неколку дена се воделе преговори со играчот, а разговорите со Јувентус се уште не биле започнати.

Романо пренесува дека освен Артур, на листата потенцијални засилувања од средниот ред има место за уште двајца фудбалери.