Фатих Терим отпуштен од Галатасарај

Легендарниот турски тренер, Фатих Терим, по серијата лоши резултати е отпуштен од неговиот Галатасарај.

Терим последниов свој мандат на клупата на гигантот Галатасарај го започна во 2017 година, а пред тоа дури на три пати беше тренер на клубот од Истанбул.

По 20 кола во турската Супер лига, Галата се наоѓа на 12.место од табелата со освоени 27 бода, и со една победа на последните 5 натпревари, заостанувајќи дури 22 бода зад лидерот Башашекир.