Скалони го изостави Меси од квалификациониот двомеч против Чиле и Колумбија
Лионел Меси не е вклучен во составот на националниот тим за квалификациските натпревари за Светското првенство во 2022 година, кои ќе се одржи во јануари и февруари. Ова беше објавено на „Твитер“ од страна на репрезентацијата на Аргентина.
Веќе на 28 јануари, Аргентина ќе игра на гостински терен со репрезентацијата на Чиле, додека на 2 февруари ќе биде домаќин на Колумбија.
Во квалификациите за СП 2022 во Јужна Америка на врвот е Бразил (35), а потоа следуваат Аргентина со 29 и Еквадор со 23 освоени бодови.
Да потсетиме дека Меси имаше инфекција со коронавирус. Аргентинскиот фудбалер се опоравуваше од вирусот и ги пропушти натпреварите на ПСЖ со Лион (1:1) и Брест (2:0). Тој се врати во составот на ПСЖ во вторникот на 18 јануари.