Барселона го „брка“ Дембеле од Барселона
Директорот на фудбалскиот клуб Барселона Матеу Алемани, потврди дека Усман Дембеле ќе треба да го напушти клубот.
„Стана јасно дека Дембеле не сака да продолжи да настапува за Барселона. Тој не е подготвен да биде дел од нашиот проект. Го известивме дека мора да веднаш да си замине од тимот и очекуваме дека тој ќе биде продаден до крајот на јануари“, истакна Алемани.
Договорот на францускиот репрезентативец со Барселона истекува на крајот од сезоната, па клубот ќе направи се што може да го продаде Дембеле и барем нешто да заработи од неговиот трансфер.