Меси со тешки симптоми го совладал коронавирусот

Лионел Меси го надминал тешко Ковид-19, со кој се заразил на крајот на минатата година. Ова го споделил во разговор со селекторот на Аргентина Лионел Скалони.

„Разговаравме и тој ми кажа дека коронавирусот многу го погодил“, откри тренерот на прес-конференција.

Самиот освојувач на „Златната топка“ не изнесе вакви детали за пошироката јавност, признавајќи само дека му требало подолго време да се опорави од очекуваното.

Лео пропушти три натпревари за ПСЖ, а потоа се врати минатиот викенд, влегувајќи како замена во победата над Ремс од 4-0.

Сепак, тој доби пауза од репрезентацијата и нема да игра во следните квалификации.