Барселона ќе ја засилува одбраната со Жил Кунде од Севиља

Иако зимскиот трансфер период штотуку заврши, во Барселона веќе припремаат планови за доведување на нови засилувања во текот на летото.

Каталонците беа прилично активни во јануарскиот фудбалскиот пазар и доведоа тројца напаѓачи, Адама Траоре, Пјер-Емерик Обамејанг и Феран Торес. Но во иднина клубот реши да се фокусира на ангажирање играчи со кои ќе ја зајакнат одбраната.

Како потенцијално ново засилување за екипата се споменува дефанзивецот на Севилја, Жил Кунде. Францускиот репрезентативец минатото лето беше поврзуван со трансфер во Челзи, но истиот не се реализира. Единствен проблем за негова преселба во Барселона е неговата висока клаузула за обештетување која изнесува 81 милиони евра.