Бах: Изолација не беше лесна за многу спортисти
Изолацијата во која се сместени спортистите со позитивен тест за коронавирус стана силен психолошки тест за самите спортисти, вели претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах.
„Некои овде во Пекинг мораа да платат многу висока цена. Имаше спортисти кои мораа да бидат изолирани. Ова е најтешкиот тест – да присуствуваш на Игрите, да гледаш како се натпреваруваат твоите противници, како се одвиваат сите игри. А ти си тука, но не си дел од Олимпијадата, иако за овој момент работевте многу долго. Ова е навистина сериозен психолошки тест за спортистите“, изјави Томас Бах.
Организаторите на Олимпијадата преземаат засилени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Натпреварите се одржуваат во таканаречени заштитени балони, на посебна територија, отсечена од контакт со надворешни лица.