Лотито бара 70 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ
Сергеј Милинковиќ-Савиќ е на мета на многу европски гиганти, па на лето е спремен да направи чекор напред во кариерата. Српскиот репрезeнтативец има договор со Лацио до 2024 година, но италијанскиот клуб е спремен да го продаде на лето.
Лацио има финансиски проблеми и ќе мора да прави реконструкција на тимот на лето, па поради тоа е спремен да го „жртвува“ Србинот и му одреди цена од 70 милиони евра.
За неговиот потпис ќе се борат четири европски гиганти и тоа ПСЖ, Јувентус и Манчестер Јунајтед, па сигурно не чека голема битка за неговиот потпис на лето.