Нагелсман убеден дека Левандовски останува во Баерн

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, е убеден дека ѕвездата на тимот Роберт Левандовски ќе остане во клубот и следната сезона.

„Леви има договор со нас и останува во клубот“, изјави Нагелсман на средбата со новинарите. 

Договорот на 33-годишниот голгетер со Баварците е до летото 2023 година и зачестија шпекулациите за неговата иднина. Се пишува дека Барселона има сериозен интерес за полскиот фудвалер и сака да го доведе по завршувањето на актуелната сезона. Сепак, челниците на Баерн би требале да го испочитуваат својот тренер и да го задржат Левандовски во клубот.