Тотенхем одлучен да го откупи договорот на Кулушевски

MANCHESTER, ENGLAND – FEBRUARY 19: Dejan Kulusevski of Tottenham Hotspur applauds fans at full time during the Premier League match between Manchester City and Tottenham Hotspur at Etihad Stadium on February 19, 2022 in Manchester, United Kingdom. (Photo by Robbie Jay Barratt – AMA/Getty Images)

Тотенхем е подготвен уште сега да ја плати откупната клаузула за Дејан Кулушевски. Овој фудбалер имзинатото лето беше ангажиран од Јувентус и веднаш стана клучна фигура во играта на Тотенхем со 3 гола и 6 асистенции на 12 натпревари во Премиер лигата.

Ова е причината зошто газдите на клубот се крајно импресионирани од него и веќе размислуваат да го привлечат трајно, пишува „Ивнинг Стандард“.  Тотенхем би можел да ги откупи правата на Кулушевски за 25 милиони фунти по крајот на сезоната 2022/23. Оваа сума може да достигне и до 29 милиони фунти во зависност од перформансите на играчот и дополнителните бонуси што може да ги активира.

Тотенхем планира да плати 25 милиони фунти на крајот на тековната сезона, со што ќе заштеди неколку милиони кои би биле од бонуси. Менаџерот Антонио Конте исто така е многу задоволен од 21-годишниот Кулушевски и дал „зелено светло“ за зделката.