Кјелини во јуни заминува од Јуве, го привлекува ангажман во САД
Џорџо Кјелини налето ќе го напушти Јувентус. Италијанските медиуми се убедени дека Киелини од наредната сезона ќе игра во САД во МЛС лигата. Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри најави промени за следната сезона. Паоло Дибала ќе биде слободен играч, а се очекува листата на играчи кои ќе го напуштат Јувентус да биде подолга.
Кјелини долги години го носи дресот на Јувентус во одбраната заедно со Леонардо Бонучи. Тешко Јувентус ќе најде замена за еден од најдобрите стопери во последните 15-тина години. За Јувентус Кјелини одигра 556 натпревари што го става на третото место по бројот на настапи во дресот на торинскиот клуб зад Дел Пиеро и Буфон.