Започнуваат преговорите помеѓу Мбапе и Реал Мадрид
Шпанскиот весник „Марка“, пренесува дека напаѓачот на Париз Сен Жермен, Килијан Мбапе следната недела ќе отпатува во Шпанија на разговори со Реал Мадрид.
Според весникот, француската ѕвезда ќе пристигне во Мадрид со целото семејство и ќе се сретне со раководството на Реал.
Мбапе има договор со ПСЖ до 30 јуни 2022 година и се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Клубот од „Паркот на принцовите“ му нуди нов договор со плата од 50 милиони евра.
Оваа сезона Мбапе има 30 натпревари за ПСЖ во Лига 1 со постигнати 22 гола и 14 асистенции.