Икарди го завршува престојот во ПСЖ
Престојот на Мауро Икарди во Париз Сен Жермен е при крај. Францускиот клуб и напаѓачот речиси сигурно се разделуваат летово. Според информациите од Париз, Аргентинецот веќе бил информиран од раководството дека може да бара нов тим.
Икарди најверојатно ќе се врати во Италија. За 29-годишниот Аргентинец заинтересирани се Милан и Јувентус. Проблем може да биде високата плата на напаѓачот.
Сезонава Икарди има 24 натпревари и само 4 гола во Лига 1. Неговиот договор со ПСЖ истекува во 2024 година.