Перишиќ го продолжува договорот со Интер
Медиумите од Италија пренесуваат дека еден најискусните фудбалери на Интер, Иван Перишиќ, ќе потпише нов договор со клубот.
Хрватскиот репрезентативец ќе ја продолжи соработката со Интер до 2024 година,и ќе добива по 5 милиони евра по сезона.
Перишиќ има одлична сезона во која има постигнато 7 гола на 32 натпревари во Серија А. Член е на Интер од 2015 година за кого има одиграно 250 натпревари. Неговиот актуелен договор истекува на крајот од сезоната.