Киеза ќе биде откупен, Јуве ќе плати уште 40 милиони евра
Јувентус ќе го откупи договорот на Федерико Киеза кој настапува од 2020 како позајмен од Фиорентина. Договорот меѓу двата клупа е вреден 40 милиони евра.
Сумата треба да биде исплатена во рок од три години но, може да се зголеми за уште десет милиони доколку се постигнат одредени услови. „Старата дама“ плати 10 милиони за позајмица на Киеза.
Одличниот напаѓач во наредната сезона ќе го носи дресот со бројот 10 кој сега го има Паоло Дибала. Познато е дека Аргентинецот на лето ќе го напушти Торино.