Еквадор ризикува да биде исфрлен од Мундијалот во Катар
Се уште не знаеме кој ќе се натпреварува на Мундијалот, но на списокот на оние кои нема неочекувано би можело да се приклучи уште едно име.
Останува место да обезбедат уште една европска селекција и две земји по интерконтиненталните квалификации, но и пред тоа би можело да се пречкрта името на Еквадор.
Фудбалскиот сојуз на Чиле побара истрага од ФИФА поради појавувањето на Бајрон Кастиљо за оваа селекција, бидејќи тврдат дека десниот бек не е роден во Еквадор, туку во Колумбија.
Тоа не е единствениот проблем со неговиот извод, бидејќи дури тврдат дека не е роден 1998 година, туку три години порано.
„Според достапните информации и документи, веруваме дека презентираните факти се многу сериозни и дека ФИФА мора внимателно да ги истражи. Истрагата спроведена во Еквадор откри неправилности во изводот од матичната книга на родените поднесен од играчот, а Националната управа за граѓански регистар соопшти дека документот не постои во нивните архиви и посочија други слабости во документот, што укажува дека се работи за фалсификат“, се вели во соопштението на ФС Чиле.