Севиља негира разделба со тренерот Јулен Лопетеги
Вчера се шпекулираше дека Хулен Лопетеги би можел на лето да ја напушти екипата на Севиља и тој самиот има желба да го стори тоа. Сепак, оваа информација беше целосно демантирана од претседателот Хозе Кастро, кој рече дека е уверен дека тренерот ќе остане на „Рамон Санчез Писхуан“ до крајот на договорот.
„Апсолутно сум убеден дека ќе играме во Лигата на шампионите. Ова е она кон што гледам и кон победување на натпреварите до крај, за да го оствариме тоа. Да не ги гледаме натпреварите што ги одигравме лошо, пред десетина дена навивачите го скандираа неговото име. Сепак, ние не сме навивачи, туку менаџери и лидери, а тој има уште две години договор. Тоа е истиот Лопетеги за кој скандираа навивачите, кој не натера да сонуваме, со кого победивме во Келн (финалето на Лига Европа против Интер), со кој досега сме примиле најмалку голови во Ла Лига. Во моментов не ни оди најдобро, но тоа е фудбалот. Би сакале да зборуваме за одлични натпревари, но никогаш во животот не сум видел толку многу повреди. Сето ова мора да се земе предвид“, изјави Кастро.