Рангинг објасни како ја заврши својата приказна со Јунајтед
Ралф Рангник дефинитивно ќе го напушти фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед и ќе се насочи само кон обврските како селектор на Австрија.
„Имав разговори со раководните лица и дојдовме до заклучок дека ќе биде најдобро за нив и за мене да го раскинеме договорот за советник во клубот“, изјави Германецот кој досега беше тренер на „црвените ѓаволи“.
Неговото место од неодамна го зазеде Холанѓанецот, Ерик тен Хаг, кој успеа да ја освои тутулата со Ајакс во шампионатот на Холандија.