Бејл својата кариера ја продолжува во Лос Анџелес
Доскорешниот играч на Реал Мадрид и репрезентативец на Велс, Герет Бејл, својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во американската МЛС лига.
Потврдена е информацијата дека Бејл ќе потпише договор со тимот на Лос Анџелес во траење од една година.
32-годишниот фудбалер последните осум години настапуваше за екипата на Реал Мадрид, а пред тоа играше за Тотенхем и Саутемптон.
Главна цел на Бејл е одржување на формата пред историскиот настап со Велс на Светското првенство во Катар кое се одржува во ноември и декември.