Атлетико има проблеми со финансискиот фер-плеј и не може да купува фудбалери
Атлетико Мадрид се најде во ситуацијата на Барселона, иако во помали размери. „Јорганџиите“ не можат да пријават нови играчи, бидејќи ја надминаа границата за плати за 100 милиони евра.
Вчера претседателот на клубот Енрике Сересо потврди дека Атлетико има договор со Аксел Витсел да се пресели на „Ванда Метрополитано“ како слободен играч. Тој додаде дека клубот мора да продава за да носи нови засилувања.
Трансферот на Витсел не може да се финализира токму поради финансиската состојба, пишува „Марка“. Атлетико сака да се раздели со Антоан Гризман, кој има една од највисоките плати. Французинот минатото лето се врати во клубот откако беше ангажиран на две години. Сепак, неговото напуштање нема целосно да го реши проблемот и „црвено-белите“ можеби ќе треба да се разделат со некој главен играч.