Арсенал без двајца фудбалери „летна“ за САД
Томас Парти и Бернд Лено нема да патуваат со Арсенал на претсезонската турнеја на тимот во САД.
29-годишниот играч од средниот ред заработи повреда на бутот за време на првата контрола на тимот против Нирнберг во петокот и најверојатно ќе биде надвор од составот на Микел Артета најмалку неколку недели.
Во исто време, германскиот голман останува во Лондон бидејќи се очекува во наредните денови да го финализира очекуваниот трансфер во Фулам. Арсенал денеска патува во САД за да игра со Евертон на пријателски натпревар во Балтимор во недела, пред да замине за Орландо на натпреварите против Челзи и Орландо Сити.