Челзи се откажа од ангажман на Роналдо

Фудбалскиот клуб Челзи се откажа од можноста за доведување на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо, известуваат медиумите од Англија.

Претходно голем број на медиуми излегоа со тврдење дека Португалецот планира да го напушти Манчестер Јунајтед бидејќи сака во наредната сезона да игра во Лигата на шампионите. После информацијата веднаш се наведоа имиња на неколку големи клубови кои наводно се заинтересирани за Роналдо. Меѓу нив беа Баерн, ПСЖ, Челзи, Рома, Наполи.

Медиумите од Англија тврдеа дека новиот сопственик на Челзи Тод Боели посакува звучно зсилување во летниот преоден рок, но после разговорот со тренерот на екипата Томас Тухел, се одлучи да се откаже од ангажман на Роналдо.