Буфон: Би можел да се пензионирам со 55 години

Италијанските медиуми пренесуваат дека легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон изјави дека уште не размислува за заминување во пензија, бидејќи планира да брани за Парма најмалку до 2024 година.

44-годишниот Буфон својата кариера ја започна во Парма, а потоа бранеше за Јувентус и ПСЖ, за минатата година да се врати во својот матичен клуб. Тој има договор со Парма до јуни 2024 година.

„Би можел да се пензионирам со 55 години. Поминав десет години во Парма и 20 во Јувентус. Веќе десет години размислувам за пензионирање но сеуште продолжувам со бранење“, вели Буфон кој додава дека по завршувањето на играчката кариера најверојатно ќе остане во фудбалот.