Петар Ангелов е нов тренер на Струга
Легендарниот ракометен голман, Петар Ангелов е промовиран во нов тренер на Струга, информираат од овој клуб.
Ангелов своето деби како тренер на Струга ќе го има на 50.издание на познатиот ракометен турнир кој се одржува во овој град на средината на август. Тој на оваа позиција доаѓа од Вардар Неготино каде имаше улога на играч и тренер.
Во својата кариера Ангелов има брането за Тиквеш, Пелистер, Вардар и Металург, но има настапувано и надвор од нашата земја и тоа во Трембле од Франција, Анталија, Кремс и германскииот Ратинген.