Тудор го носи Алексис Санчез во Олимпик Марсеј

Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез е блиску до трансфер во Марсеј, пренесуваат италијанските медиуми.

„Нероаѕурите“ сакаат да го намалат буџетет за плати, а Санчез е еден од најплатените фудбалери во тимот. Поради тоа италијанските медиуми тврдат дека Интер е спремен да му плати бонус за раскинување на договорот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Санчез конечно нашол клуб со кој постигнал договор и сега е спремен да го раскине договорот со Интер. Санчез ќе добие 4 милиони евра за раскинување на соработката, а во Марсеј ќе добие плата од 3,5 милиони евра по сезона.