Атлетик Билбао го врати Андер Херера

Андер Херера конечно го реши прашањето за тоа каде ќе настапува сезонава, а тоа значи враќање во клубот каде и првично го најави и потврди својот потенцијал.

Шпанскиот интернационалец ќе настапува како позајмен играч во Атлетик Билбао, решение кое е донесено откако ПСЖ јасно му порача на Херера дека не е во плановите на новиот тренер, Кристоф Галтие.

Баскијците ќе имаат можност да го откупат договорот на Ерера по крајот на сезоната, а реално речиси не постојат шанси играчот за врска повторно да настапува за францускиот шампион.

Херера пристигна во Париз во 2019 година од Манчестер Јунајтед, каде пак настапуваше претходните пет години.

Шпанецот има договор со Французите до 2024 година.