Букајо Сака е расположен да остане во Арсенал

Фудбалерот на Арсенал и репрезентативец на Англија, Букајо Сака, изјави дека е среќен во клубот и најави дека е блиску до потпишување на нов договор со “топџиите“ од Лондон.

20-годишниот Сака вели дека ја чувствува поддршката од соиграчите, тренерот и навивачите, и дека е уверен дека ќе остане во клубот и во наредниот период.

Актуелниот договор на Букајо Сака со Арсенал истекува за две години, а тренерот на екипата Микел Артета сака долга соработка и во иднина, со што би ги одвратил евентуалните понуди од екипите како Манчестер Сити и Ливерпул.