Конте: Моите фудбалери се многу уморни
Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте по поразот од Нотингем Форест во третото коло од англискиот Лига куп изјави дека е разочаран.
„Секако дека има големо разочарување од резултатот и поразот. Добрата работа за вечерва беше што повторно ги видов Ришарлисон и Кулушевски. Мислам дека се подготвени за Лидс Јунајтед во сабота. Ова е добра вест за нас. Многу е тешко да се каже што не беше во ред, бидејќи посветеноста беше добра. Но, ние го играме нашиот дванаесетти натпревар од 1-ви октомври и да бидам искрен, некои играчи се навистина уморни. Се обидов да ја менаџирам ситуацијата на средината на теренот со Хојбјерг и Бентанкур со делење на полувремињата. Исто така и Хари Кејн, тој утрово изјави дека е подготвен за игра, но беше навистина уморен“, вели Конте.