Луис Енрике: Нема да калкулираме против Јапонија

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Енрике после ремито од 1:1 со Германија, изјави дека е задоволен од првото полувреме на средбата, и додава дека во вториот дел неговата екипа направила грешки кои инаку не ги прави.

„Тоа беше натпревар од кој сум задоволен со првото полувреме. Во продолжението правевме грешки кои инаку не ги правиме. Не го контролиравме дуелот до крај, а Германците одлучија да одат на се или ништо. Во последниот меч против Јапонија нема да калкулираме и одиме само на победа“, изјави Енрике.