Ван Гал: Можеме да станеме светски прваци
Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал, после победата над селекцијата на САД, изјави дека и покрај победата тој имал критики за играта на неговите фудбалери, посебно во првото полувреме.
Холандија избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство, откако ја совлада САД со резултат 3:1.
„На полувремето од дуелот бев доста критичен, Иако водевме со 2:0, и постигнавме фантастични голови, имавме доста проблеми, а противникот често ни ја одземаше топката и тоа е неприфатливо на Светско првенство. Во вториот дел имавме поголем посед на топката, и го завршивме натпреварот без поголеми проблеми. Изминатава година често изјавував дека можеме да бидеме прваци. Не реков дека ќе бидеме, но мислам дека можеме“, заклучува Ван Гал.
Репрезентацијата на Холандија за противник во четвртфиналето од Мундијалот во Катар, ќе ја има селекцијата на Аргентина.