Лион и Милан преговараат за Хусем Ауар
Милан работи на трансферот на плејмејкерот на Лион, Хусем Ауар, пренесуваат италијанските медиуми.
24-годишниот плејмејкер до минатото лето беше на радарот на многу европски гиганти, но реши да остане во Лион. Ауар влезе во последната година од договорот и на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а веќе може да преговара со заинтересираните клубови.
„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и француските медиуми пренесуваат дека Милан е во пол-позиција за неговиот потпис.
Ауар оваа сезона има запишано само 9 настапи за Лион на кои постигна 1 гол и 1 асистенција.