Буфон има сон за крај на кариерата: Враќање на Парма во Серија А, па пензија

Џанлуиџи Буфон и понатаму е активен на фудбалските терени, а сега откри кога би бил подготвен да каже „крај“.

Буфон има 45 години и денес брани за Парма каде што и ја започна кариерата, за потоа да премине во Јувентус и да стане легенда на клубот од Торино. Имаше Буфон и кратка авантура во ПСЖ. Парма сега се натпреварува во Серија Б и Буфон порача дека посакува да се пензионира со враќање на Парма во Серија А.

„Во мене се уште има енергија како и претходно. Можеби ќе се повлечам кога Парма ќе се врати во Серија А, тоа е моја голема желба и би било исполнување на сонот“, истакна Буфон.

Во овој момент Парма се наоѓа на седмата позиција со реални шанси да влезе во плеј-офот за место во Серија А.