Дали се случи плагијат во првата формула 1 трка оваа сезона
Луѓето од Ред Бул ќе направат интерна истрага дали протекле информации околу болидите откако Астон Мартин го освои третото место на патеката во Бахреин на премиерната трка во новата сезона во Формула 1.
Првиот човек на Ред Бул, Хелмут Марко, потсети дека неколку инженери кои го напуштија тимот се преселија токму во Астон Мартин. Станува збор за Ден Фалос поранешен шеф за аеродинамика и Ендрју Алеси, поранешен дизајнер во Ред Бул.
Според ФИА пак, успехот на Астон Мартин воопшто не е спорен и нема што да се истражува.