Чачиќ: Адеми заминува за финансиски да го осигура семејството
Динамо има убедлива предност на табелата како првопласиран тим во Хрватска, но бидејќи влезе во лоша серија од едно реми и два порази во низа, шампионот ќе мора да се докажува утре во големото дерби против Ријека.
Големото дерби кое ќе се игра на „Максимир“ ќе има посебен шмек во Загреб и поради прошталниот меч кој ќе го одигра Аријан Адеми, кој 24 часа по утрешниот меч ќе биде во Кина, каде веќе си договори трансфер за заработка од 1,65 милион евра по сезона.
„Сега ни доаѓа ера без Адеми во тимот и ќе мора да се навикнеме на тоа. Утре ќе го одигра прошталниот меч, ќе стави крај на своите најдобри 13 години. 13 години му посвети на Динамо и сега ние му ја исполнуваме желбата. Сакаше финансиски да ја осигура иднината на своето семејство и сака да се прости од Динамо додека е на врвот.
Не сака да биде товар за клубот за година или две, Аријан е наша легенда, пример за сите соиграчи. Благодарни сме му за се, навистина заслужи од секој аспект да биде испратен онака како што заслужува. Ќе направиме се прошталниот меч да го памети по добро“, изјави тренерот Анте Чачиќ.