Да може Мбапе уште денес би заминал од Париз
Новинарот Еду Агире во емисијата „Ел Чирингито“ објави дека Килијан Мбапе жали што го обновил договорот со ПСЖ и доколку работите зависат само од него, уште летоска ќе замине од Париз.
Килијан Мбапе повторно е во фокусот откако вчера жестоко распали по ПСЖ и потегот на „светците“ да користат видео материјал од напаѓачот со цел да промовираат продажба на сезонски билети за сезоната 2023/24.
Новинарот Еду Агире во емисијата „Ел Чирингито“ објави дека Французинот сака да замине од Париз, и доколку работите зависат само од него, веќе летоска ќе си ги спакува куферите.
„Мбапе им кажал на блиските соработници дека ќе замине уште денес доколку зависи само од него. Подолго време жали и се кае за тоа што се случи во мај минатата година, ќе замине летоска ако се прашува само тој. Сепак, има договор кој е со важност барем до 2024 година. Доколку ПСЖ му дозволи да замине летоска, ќе замине, но…“