Валенсија руши негативни рекорди, никогаш толку лоша скоро четири децении
Валенсија синоќа на домашен терен загуби од Севилја со 2:0 во натпревар од 29. коло на шампионатот на Шпанија.
„Лилјаците“ имаат 27 поени од 29 натпревари во Примера што е нивен најлош резултат од сезоната 1985/86, кога клубот освои 24 поени. Тогаш клубот испадна од највисоката дивизија на фудбалскиот шампионат на Шпанија.
Избраниците на Рубен Бараха оваа сезона се на 18. место. Најблискиот конкурент на Валенсија кој се наоѓа на „безбедно“ е Алмерија која има 30 бода.
До крајот на првенство во Шпанија остануваат уште девет кола.