Артета сака уште еден ас на Челзи за следната сезона
Н’Голо Канте би можел да се пресели во Арсенал во летниот преоден рок.
Според пишувањата на одреедени медиуми на Островот, раководството на Арсенал се надева дека ќе успеат да го ангажираат Французинот како слободен играч. Претходно беше објавено дека Челзи е подготвен да му понуди нов договор на 32-годишниот играч.
Н’Голо Канте е во Челзи од 2016 година. Неговиот договор со лондонскиот клуб завршува ова лето. Французинот нема играно од средината на август поради повреда. Вкупно Канте одигра 265 натпревари за лондончани, на кои постигна 13 гола и 15 асистенции. Челзи е на 11. место на табелата во Премиер лигата со 39 бодови, додека Арсенал е лидер со 74 бода.