Хетафе назначи привремен тренер до крајот на сезоната
Шпанскиот прволигаш Хетафе вчера го отпушти Кике Санчез Флорес од местото главен тренер на клубот по долгата серија на разочарувачки резултати. Денеска од клубот соопштија дека на негово местос еднува спортскиот директор Рубен Рејес.
44-годишниот Рејес има тренерско искуство, а претходно беше на чело на Алкобендас и Рајо Мајадахонда, кои беа во пониските лиги во Шпанија. Рејес го презема тимот кој моментално е во зоната за испаѓање во Ла Лига.