Лапорта потврди дека Барса ќе игра во следната Лига на шампиони

Според уредникот на шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, Санти Нола, Барселона ќе добие зелено светло да игра во Лигата на шампионите следната сезона без оглед на истражната постапка која што ја спроведува Етичката и дисциплинската комисија на УЕФА.

Комитетот мора да даде лиценци за играње во Европа пред 15 мај, што ќе и овозможи на Барселона да игра во европските натпреварувања и покрај истрагата за случајот Негреира.

Мундо Депортиво известува дека Етичката и дисциплинската комисија нема „информации што би можеле да ја поддржат теоријата за забрана на клубот да се натпреварува“ бидејќи не докажала, во согласност со теоријата на ФЕФ, јасна некомпатибилност меѓу позицијата на Комитетот за судии и компанијата на Енрикез Негреира. Нола во својот напис додава:

„За да дојде доа кривично-правниот канал, потребно е да се докаже дека има купени судии или дека имало намера да се стори тоа. Не е доволна само изјава за можноста“.