Пети: Ако Мбапе сака „Златна топка“ мора да го напушти Париз
„Ако не можам да ги изберам двајцата, тогаш ќе го ставам Мбапе на врвот. Тој игра неверојатно од својата 17-та година, ги урна сите рекорди во Франција и е симбол за фудбал во нашата земја.
Сепак, ќе бидам и искрен кон него. Ако сака да ја освои Лигата на шампионите и „Златната топка“, тогаш треба да си оди од ПСЖ. Следната сезона ќе мора да донесе нова одлука за својата иднина“, вели Пети.