Шефилд Јунајтед ставен на продажба ден по промоцијата во Премиер лигата

Фудбалерите на Шефилд Јунајтед изборија директна промоција во Премиер лигата, но нивниот сопственик, принцот Абдула бин Мусаид веќе планира да го продаде клубот.

Саудискиот принц склучил договор со нигерискиот бизнисмен Дози Момбуоси пред Божиќ, со што би добил 115 милиони фунти.

Сепак, сопственикот на „бладс“ сега бара други купувачи и се надева дека пред почетокот на сезоната ќе биде познат новиот сопственик.

„Ако дојдеме до одлука, сакам да биде пред подготовките за следната сезона, за да не се одрази на тимот. Ако сме во клубот, ќе го водиме најдобро што можеме. Мојата намера е да се продаде, но ништо не е загарантирано“, изјави Саудиецот.

Шефилд по две сезони поминати во Чемпионшип се враќа во елитното место на англискиот фудбал, а потврда за нивниот квалитет беше ФА Купот каде во полуфиналето беше елиминиран од Манчестер Сити.