Андре Онана е прва желба на Јунајтед за наследник на Де Геа
Давид де Геа најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед на лето, па „црвените ѓаволи“ ја почнаа потрагата по нов голман.
Актуелниот договор на Де Геа истекува на крајот на сезоната, а со оглед на фактот дека Шпанецот има 32 години, раководството се обидува да го убеди да прифати помала плата. „Атлетик“ пренесува дека Де Геа ја одбил понудата која му ја доставило раководството, па Јунајтед нема намера да му достави нова и ќе му дозволи да си замине.
Прва желба за негов наследник е голманот на Интер, Андре Онана, кој игра одлична сезона во Серија А.
Интер е спремен да го продаде бидејќи има финансиски проблеми, а Онана минатото лето пристигна без обештетување, па тоа ќе биде чиста заработка за „нероаѕурите“.