Чуамени пред преселба во Ливерпул?

Англиските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец Аурелијан Чуамени на крајот од сезоната можно е да го напушти шпанското првенство и да се пресели во Премиер лигата.

Според информациите кои ги наведуваат медиумите, Чуамени наводно тешко се носел со фактот дека тој не избори место во стартната постава на Реал и посакува промена на средината. Реал Мадрид веќе се договори за ангажман на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд, и воедно ги продолжи договорите со Лука Модриќ и Тони Крос. Ова дополнително ја отежнува шансата на Чуамени да има повеќе минути во првиот тим предводен од тренерот Анчелоти.

Оваа ситуација со Чуамени будно ја следат од вицешампионот на Англија, Ливерпул, од каде веќе планираат испраќање на понуда за ангажман на францускиот фудбалер.

23-годишниот Чуамени е член на Реал од минатата година кога пристигна од Монако. Неговиот актуелен договор со „кралскиот клуб“ е со важност до 2028.година.