Уругвај донесе големо име за селектор, Биелса се враќа во Јужна Америка

Аргентинецот, Марсело Биелса, ќе го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Уругвај. Тој ќе ја има функцијата најмалку до Мундијалот во 2026 година.

„Постигнавме договор, разликите во барањата се преклопија, останува само потпишувањето на договорот“, потврди членот на Извршниот одбор на Уругвајската федерација, Хорхе Касалес.

Биелса на кормилото на поранешните светски шампиони треба да дебитира во јуни на пријателските натпревари против Никарагва и Куба.