Нов гигант се вклучи во трката по Кореанецот Ким

Претставниците на јужнокорејскиот дефанзивец од италијанскиот Наполи Ким Мин Јае одржале прелиминарни преговори со спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос околу трансферот на играчот во парискиот клуб, соопштува “РМЦ Спорт“.

Според изворот, средбата била од воведен карактер и како резултат на тоа не бил постигнат договор. Забележано е и дека самиот играч се уште е наклонет кон преселба во англиската Премиер лига.

Да потсетиме, претходно и Манчестер Јунајтед имаше средба со агентот на играчот и му ја достави својата понуда.

Ким Мин Јае се пресели во италијанскиот клуб во летото 2022 година од турски Фенербахче, зделката изнесуваше 18 милиони евра. Актуелниот договор на 26-годишниот играч со Наполи е до јуни 2025 година.