Павар бира меѓу понудите на миланските клубови

Бенџамин Павар би можел кариерата да ја продолжи во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна во Баерн и тој уште во летниот преоден рок сакаше да ја промени средината.

Интер и Милан будно ја следат ситуацијата околу дефанзивецот и се спремни да се борат за Французинот во летниот преоден рок. Тухел сака да го задржи, но доколку Павар не стави потпис на нов договор, Баерн е спремен да го продаде за 20 милиони евра.