Алегри: Би останал во Јуве, но тоа не зависи од мене
Масимилиано Алегри проговори за својата иднина на кормилото на „бјанконерите“.
Јувентус има турбулентна сезона, не освои ниту еден трофеј, а сега ја чека казната и може да остане без пласман во Лигата на шампиони.
Веќе подолго време се шпекулира дека Алегри може да биде заменет на крајот на сезоната, а сега тој потврди дека сака да остане. „Имам уште две години од договорот со клубот и 100% останувам ако се прашувам јас. Но, јас одлучувам за себе, не можам да носам одлуки за други, менаџментот ќе одлучи на крајот“, изјави Алегри.
„Не можам да знам што мислат другите, јас го знам само мојот избор. Факт е дека наша задача на теренот е да обезбедиме пласман во Топ 4, а со победа против Емполи тоа и теоретски ќе биде потврдено“, додаде Алегри.