Спалети потврди дека заминува од Неапол
Лучијано Спалети кој по цели 33 години го однесе Наполи до титулата во Серија „А“, на крајот на сезоната ќе си замине бидејќи не е задоволен од односот на првиот човек на клубот, Аурелио де Лаурентис.
Искусниот тренер проценил дека не може да има добра релација со челниците и дека тоа може да влијае врз фудбалерите.Затоа донел одлука да си замине од Неапол.
„Треба да размислувате вистински и да донесете одлука. Работата е завршена. Тоа не е одлука која падна од небо“, рече Спалети по вчерашниот триумф во дербито со Интер.