Инфантино испрати целосна поддршка за Винициус и борбата против расизмот
Џани Инфантино, претседателот на Меѓународната фудбалска организација (ФИФА), го поддржа играчот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор и го осуди новиот чин на расизам против овој бразилски репрезентативец.
„Изразувам целосна солидарност со Винициус. Нема место за расизам ниту во фудбалот, ниту во општеството, а ФИФА цврсто стои на страната на сите играчи кои ќе се најдат во таква ситуација“, изјави Инфантино.
Винициус се соочи со дополнителни расистички напади за време на гостувањето на Реал Мадрид кај Валенсија викендов, што беше само продолжение на срамните ситуации во кои често се наоѓа Бразилецот во текот на актуелната сезона. Неколку хулигани од други шпански прволигаши исто така расистички го нападнаа Винисиус Јуниор претходно.
„Би сакал во тие моменти да се почитува протоколот на ФИФА. Прво прекинете го натпреварот. Потоа фудбалерите го напуштаат теренот и главниот најавувач на стадионот најавува дека натпреварот ќе биде прекинат доколку продолжат расистичките напади. Потоа натпреварот продолжува и доколку се повторат нападите, судијата дефинитивно го прекинува натпреварот, а три бода добива противничкиот тим“, додаде Инфантино.